
2025-02-28
Одржана средба на Генерални секретари на кластерот на јужна и југоисточна Европа
Во периодот 26-27 февруари во Сараево, Босна и Херцеговина, се одржа редовна средба на Генералните секретари од националните друштва на Црвен крсткои се дел од кластерот на МФЦК за јужна и југоисточна Европа. На средбата се дискутираше за ризиците со кои се соочуваат националните друштва и Движењето во своето тековно работење категоризирани како стратешки, оперативни, репутациски и финансиски ризици. Споделени беа позитивни практики од Црвениот крст на Луксембург и Турската Црвена полумесечина за начинот на кои се поставени структури во нивните национални друштва за превенирање и одговор на појава на ваквите ризици. За време на средбата е одржана и посебна сесија за климатските промени и ризикот од зголемување на последиците кои ги предизвикуваат во регионот.